-->
-->
Личните карти и пасошите со изминат рок ќе важат додека трае вонредната состојба
-->

Личните документи (лични карти и пасоши) на кои им истекол рокот ќе имаат продолжено важење за времетраење на вонредната состојба воведена поради коронавирусот.
За продолжување на важноста Владата донесе уредба која има сила на закон, потсети премиерот Оливер Спасовски во врска со прашањата од граѓани кои имаат истечени документи или закажани термини за вадење нови, а поради ограниченото движење се оневозможени да одат во службите.
-Во овој период граѓаните да не се оптоваруваат, ниту да се вознемируваат поради тоа што им истекува важноста на некој од документите. Поважно е да го зачуваат своето здравје, поважно е да не придонесат за ширење на вирусот, рече Спасовски одговарајќи на новинарски прашања попладнево на прес-конференција.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Можна ли е ескалација по пресудата на судот во Хаг?
-

Вучиќ очекува посеопфатна одговорност за злосторствата
-

Тема на денот со Злате Димовски, професор по безбедност
-

Марш на ангелите
-

Вкупно 81 година затвор за поранешното раководство на ОВК, илјадници граѓани револтирани ја дочекаа пресудата
-

Пресудата за четворицата поранешни лидери на ОВК предизвика реакции во регионот
-

Фон дер Лајен: Нови патокази за Западен Балкан, без отстапки од вредностите
-

Савески: Ако има основи, Обвинителството ќе постапува
