Лични асистенти во Општина Центар и во летниот распуст ќе посетуваат ученици со попреченост во развојот три пати во неделата
Општина Центар соопшти дека за првпат и за време на летниот распуст обезбедува лични асистенти во домашни услови кои ќе им помагаат на учениците со попреченост во развојот.
Како што информираат од општинската прес-служба, Општина Центар е првата општина во државата која им дава поддршка од овој тип на учениците со пречки во развојот кои ги посетуваат основните училишта во Центар.
– Од ова лето, осум стручни лични асистенти ќе водат грижа за 14 дечиња со попреченост во развојот. Нивна задача е да им помагаат на децата и нивните родители во дневното извршување на обврските и да се грижат за нормално одвивање на секојдневието на децата. Личните асистенти ќе ги посетуваат домовите на учениците три пати во неделата. Воедно сакам да им се заблагодарам на сите кои се вклучени во реализацијата на овој проект, особено асистентите, кои навистина вршат една многу корисна и благородна активност, изјави градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.
Како што посочуваат од општината, личните стручни асистенти имаат за цел со употреба на различни модули да им дадат поддршка на сите деца во оваа целна група во повеќе насоки, и тоа: инклузија на децата со попречености во образовниот систем; подобрување на нивната социјална интеграција; поддршка при совладувањето на образовните содржини и олеснување на движењето и пристапот низ училишните простории.
Градоначалникот Герасимовски им се заблагодарил за досегашната работа на личните асистенти на децата со попреченост во развојот и им посака успех во престојниот период.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Сара Миленковска
-
Енергетски колапс: Црна Гора, Босна и Херцеговина и Албанија со часови без струја
-
Пеколни горештини - Пијте вода, внесувајте електролити, контролирајте го притисокот апелираат лекарите
-
Шетаат змии низ Скопје: Две лица за една недела завршија на Инфективна
-
Таравари во понеделник ќе ги разреши економските директори на здравствените установи
-
Утре седница за избор на нова влада
-
Жените на македонската политичка сцена
-
Овчеполието повторно без вода за наводнување, посевите интензивно се сушат