Либанско православно пеење во Бигорскиoт манастир
Членови на древната либанска Обител на Пресвета Богомајка – Хаматура посетија македонски древни светилишта.
Двајцата членови на оваа обител, отец Јован и отец Ефрем беа гости на Бигорскиот манастир каде беа пречекани од Архимандрит Партениј, игумен на манастирот.
- Светиот Дух Божји ја израдува нашата монашка заедница со посетата на нашите браќа монаси, отец Јован и отец Ефрем, од древната либанска Обител на Пресветата Богомајка – Хаматура. Нашите скапоцени гости и браќа во Христа од Либан пристигнаа кај нас со благослов на нивниот многупочитуван Старец, Високопреподобниот Архимандрит Пантелејмон, познат по неговата широкоградост и љубов за сите, изјави отец Кирил од Бигорскиот манастир.
Ценетите гости, посочи отецот, престојуваа и во манастирот „Свети Георгиј Победоносец“ во селото Рајчица и манастирот „Пречиста Кичевска“, а учествуваа и на богослуженијата и со своите молитви и својот глас.
- Ова е само уште една потврда дека Господовиот дух ги обединува сите верни во едно големо Христово семејство, со силни духовни врски и внатрешно познанство, без разлика колку далеку и да се тие, додаде отец Кирил.
Ново на Сител
-
Штаунас: Преземените обврски да се реализираат
-
Поголема контрола на езерото
-
Преглед на вестите
-
11 Oктомври - Денот на народното востание
-
Димитриевски: Ја поздравувам одлуката на Уставен за балансерот
-
Филипче: Нема откажување од зацртаните цели
-
Да се внимава со користењето на водата на Охридското Езеро
-
Преглед на вестите од светот