Левица: Скандалозно деградирање на вработена во ФЗОМ
Од деловен секретар до референт за заверка на ортопедски помагала. Жена вработена во Фондот за здравствено осигурување, која била мајка на кандидатка за советник на Град Скопје од редовите на Левица, е деградирана на своето работно место, тврдат од партијата. Одлуката дека ќе работи на позиција која била под нејзините квалификации, и била соопштена откако ќерка и на социјалните мрежи споделила статус од првиот човек на партијата Димитар Апасиев.
Ваквите злоупотреби од страна на власта не се ништо ново, но откако под знак прашалник е доведено владејачката коалиција, се мобилизираат сите механизми за опстојување на владејачката гарнитура, реагираа од партијата.
Од Левица велат дека не е прв пат да се вршат притисоци и деградирање врз поединци кои се поистоветуваат со ставовите на партијата.
-
Елена Милошевска
Сите содржини од овој новинар
