Левица: Штетниот договор за продажба на ОКТА повеќе од две децении ги чини македонските граѓани огромна сума на пари
Корумпираните партии на елитите, СДС и ДПМНЕ, 30 години ја девастираат македонската економија преку распродавање на народниот имот и енергетски капацитети на странски интереси, целосно уништувајќи ја енергетска независност на државата!
Штетниот договор за продажба на ОКТА на грчката државна компанија Хеленик Петролеум ѝ има дадено на Грција монопол во нафтетната индустрија на Македонија, а повеќе од две децении ги чини македонските граѓани огромна сума на пари.
Како последица на договорот, Република Македонија во 2009 година на грчката компанија мораше да ѝ исплати штета во износ од 40 милиони долари, а вчера Владата призна дека меѓународен арбитражен суд ја задолжил Македонија да исплати уште 25.6 милиони долари!
Овој антидржавен договор е склучен од страна на поранешниот премиер од редовите на ДПМНЕ, и сегашен коалиционен партнер на СДС и слуга на национал-шовинистичките претензии на Бугарија, Љубчо Георгиевски.
При обид за претставување на овој огромен пораз како победа, Владата се пофали дека со нејзиниот скапо платен адвокатски тим успеала да го преполови бараниот износ, но беше веднаш демантиранаод страна на Грчките медиуми, кои објавија дека арбитражниот суд прифатил дури 80% од бараните 32 милиони од Хеленик Петролеум, односно 25.6 милиони долари. Заедно со трошоците за скапите француски адвокати на Владата, штетата по државниот буџет ќе достигне и до околу 30 милиони долари.
Наспроти криминалните расипнички политики на партиите кои изминатите 30 години се менуваат на власт, Левица се залага за јакнење на државните енергетски капацитети со цел постигнување на целосна енергетска независност на Република Македонија и враќање на криминално одземеното на граѓаните!
Политичка партија Левица
Ново на Сител
-
Николоски: Важна средба на Мицкоски со Макрон
-
ВМРО-ДПМНЕ: ЈО да ја отвори истрагата за мазутот во ЕСМ
-
ДКСК: Екс министерката за култура трошела незаконски
-
Минчев: Новото законско решение ќе биде уставно
-
Преглед на вестите од светот
-
Средба Мицкоски - Макрон
-
Квалитетот на високото образование зависи само од политичката волја во државата
-
Тема на денот со Марко Бислимовски, претседател на РКЕ