Левица: Оставка од Спасовски и Османи заради сценирање насилство
Во теков на вчерашниот ден, повторно се потврди дека министерот Оливер Спасовски е дел од сценариoто за предизвикување насилство, целосно потфрлајќи соодветно да ја обезбеди критичната точка кај Мавровка. Иако и пред два дена имаше инциденти на оваа точка и министерот мораше соодветно да ја обезбеди локацијата, тој дозволи да биде загрозена безбедноста на илјадниците граѓани кои мирно маршираа.
Дополнително, министерот Спасовски мора да одговори пред јавноста дали дел од лицата кои пукаа на демонстрантите се лица вработени во МВР?
Сомнежите дека се работи за испланирано црно сценарио на власта ја потврдува и најавата на министерот Османи за етнички тензии, доколку не помине предлогот за бугаризација на Македонија.
Поради сцените од прекумерна употреба на сила против цивилите, кои не беа дел од лицата со фантомки, Спасовски мораше уште пред два дена да поднесе оставка.
Вчера бевме сведоци дека огромната маса народ не подлегна на провокациите, монтирани од власта, и продолжи достоинствено да протестира против нивните врховистички политики.
Нема да дозволиме нашите учебници и историја да бидат пишувани од оние кои системски работат да нè асимилираат.
Нема да дозволиме цензура на неофашизмот на Бугарија под изговор за говор на омраза.
Бугарија нема ниту морално, ниту историско право да поставува барања кон македонскиот народ – напротив, антифашистичката борба е гордоста на Македонија.
Нема да дозволиме да бидат избришани темелите на АСНОМ и жртвите на нашите предци.
Ве повикуваме вечер, во што поголем број, да им порачаме на квислинзите на власт – АСНОМ ЖИВЕЕ!
Политичка партија Левица
Ново на Сител
-
Градежниците и портокаловата фаза
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт
-
Поплавени куќи, свлечишта, над 200 пријави за штети во Тетовско
-
22735 членови ќе гласаат за нов претседател на СДСМ
-
Истрага за смртта на бебето од Прилеп
-
Македонија со Влада, Мицкоски ја презеде премиерската функција
-
Муцунски во Луксембург: Европска агенда ослободена од билатерални прашања