Левица: Нема осуда од СДСМ и ДУИ за отварањето на бугарскиот клуб во Охрид
– Политичката партија Левица, која е организатор на протестот во Охрид против отворањето на бугарскиот културен клуб „Цар Борис Трети“, денеска обвини дека нема никаква осуда од СДСМ и ДУИ за отворањето на клубот.
– Ние сме организатори на протестот против фашистичкиот клуб. Денеска ја поднесуваме и иницијативата за референдум против пробугарскиот предлог. Денес сме сведоци како се вее знамето на цар Борис, додека немаме никаква осуда од Владата на СДСМ и ДУИ. Напротив, вчера и отворено МНР на Бујар Османи директно застана на страната на промоција на фашизмот и побара да се почитува правото на почитување на сите граѓани, дури и на оние кои негуваат фашистички вредности, изјави генералната секретарка на партијата Јована Мојсоска.
Очекуваат, според Мојсоска, нивниот предлог за референдум да помине и на народот да му се даде можност да се изјасни дали е против „уцените од страна на Бугарија“.
– Ќе се бориме и понатаму. Очекуваме предлогот за референдум да помине и народот како што доликува на една демократска земја да се изјасни против сите овие уцени кои доаѓаат од страна на Бугарија со кои Македонија е принудена да се откаже од своето АСНОМ-ско минато, рече Мојсоска.
Таа додаде дека во текот на вчерашниот ден од страна на полицијата бил вршен притисок врз членови на партијата и дека, како што рече, имало „експлицитно пречекорување на нивните овластувања“.
На протестот во Охрид се приклучија и членови на охридскиот општински Совет од редовите на Левица и ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-
Работниците ширум Европа и Азија бараат поголеми работнички права на првомајските демонстрации
-
Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година
-
Максим дебитираше во ВАКО-ПРО со победа
-
Извонредна организација на АФН-9 ВАКО-ПРО кик бокс настанот во Скопје
-
ДС: Само силен синдикат е гарант за работничките права
-
Притвор од 30 дена за жител на Сопиште, пронајдена дрога во неговиот дом
-
Ковачевски: Нека ни е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците
-
Мицкоски: Работничките права се прекршени, државата не води грижа за тие кои се р`бетот на економијата