Македонија
4. September 2021 - 13:29

Левица го објави Александар Димитријевиќ, кандидат за градоначалник на Општина Ѓорче Петров

Политичата партија Левица синоќа го објави својот кандидат за градоначалник на Општина Ѓорче Петров.

Александар Димитријевиќ (35 години) е роден и живее во Ѓорче Петров. Тој е дипломиран правник на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при УКИМ, а тековно поседува своја адвокатска канцеларија која брои шест членови. Посебен интерес му е трудовото право, односно областа развивање и унапредување на работничките права.

Неговата борба е насочена кон: развој на општината во законски контролирана средина за градење и справување со инфраструктурните проблеми со кои се соочува во моментот; нови еколошки решенија за подобар квалитет на почвата, воздухот и животната средина; поголем економски развој и вработување на жителите на Ѓорче.