-->
-->
Левица ги повика граѓаните да не отвораат врата на попишувачите доколку пописот не се прекине
-->

Доколку процесот на Попис не се прекине, Левица ги повикува граѓаните масовно да не отвораат врата на попишувачите!
„Ние бараме, Пописот да се одложи на 12 месеци, т.е. да се одложи за во април 2022 година. Понатаму, да се донесе комплетно нов Закон, затоа што овој Закон има премногу недостатоци, а новиот Закон, којшто ќе се донесе да биде со широк консензус од парламентарните партии во Собранието.
Аргументите за тоа зошто Левица ќе ја води оваа кампања се дека овој Закон беше истуркан насила во Собранието, прво беше пуштен во редовна, а потоа тајно беше пуштен во скратена постапка, без знаење на опозицијата. Понатаму, сите амандмани на опозицијата беа одбиени. Овој Закон исто така, крши многу од принципите препорачани од ООН и ЕУРОСТАТ. Покрај тоа што крши голем дел од законите, како најголем аргумент зошто не Попис е ситуацијата со Пандемијата. Во ситуација кога имаме една од најголемите смртности во регионот, имаме огромен број на заболени, по 300-400 дневно заболени, кога се најавени и рестрикции, да се турка ваков процес насила е апсолутно недозволиво, затоа ние ќе направиме се’, да го спречиме овој Попис.“
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Гаши: Кривичниот законик ќе се менува по предлог на пратениците, а не по барање на Уставен
-
Ден на ретките болести - Пациентите побараа државата да донесе национална стратегија
-
Детска Клиника преполна со болни деца од респираторни инфекции
-
Дурмиши: Нема да се толерира картелско здружување на ланците маркети
-
Електронски ќе се вади уверение за остварен доход
-
Почнуваат карневалските денови
-
СДСМ бара оставка од министерката за финансии за навредите кон пратеничката Петровска
-
Гаши ги следи реакциите за вчерашната седница за пратенички прашања