Левица: Двојазичните униформи се спротивни на Амандманот 5 од Уставот
Со стапување во сила на Уредбата за двојазичност на полициските униформ, како директна последица на т.н. Тиранска платформа, свесно се потиснувa и миноризира македонскиот јазик, кој според Уставот е службен јазик во Република Македонија.
Уставот ја предвидува употребата на македонскиот јазик и неговото кирилско писмо на целата територија на државата како службен јазик и писмо [Амандман V, т. 1 од Уставот на РМ]. Значи, секое дејствување во рамките на државата кое има унифициран карактер, т.е. кое се потпира на принципот на целовитост и територијалност мора да ја следи оваа уставна одредба.
Оваа уставна обврска се однесува и на Полицијата, која функционира врз основа на територијалниот принцип, кој неминовно ја обврзува Полицијата да функционира на територијата на целата држава уницифирано т.е. законот со кој се уредува нејзината надлежност мора да се применува потполно исто и подеднакво на целата државна територија
Со неуставната Уредба за двојазични униформи, се екстензира оваа уставна одредба до граници на неспроведливост, нарушувајќи ги основните уставни принципи на унитарност и неделивост на суверенитетот и територијалниот интегритет на Републиката. Вакво тивко истиснување на македонскиот јазик, оваа ненародна Влада направи и со воведување на двојазичните декларации на производите на територијата на РМ со новиот Закон за заштита на потрошувачите!
Со ваквите закони, уредби и мерки се нарушува принципот на унитарност и неделивост на суверенитетот и територијалниот интегритет на Републиката.
Оваа нелегитимна Влада на ДУИ и СДС, наместо заштита на унитарноста, потикнува федерализација и дејтонизација на Македонија, по примерот на Босна и Херцеговина, која е единствена европска држава со повеќејазични униформи!
Левица
Ново на Сител
-

Кривична за четири лица од Кочани за злоупотреба на службена положба во јавна набавка од 1,4 милиони денари
-

Град Скопје го уредува кејот на Вардар и најавува изградба на нова градска плажа
-

Тивок марш и парастос во Македонска Каменица „Кети Милковска и 63 ангели“
-

Нападната екипа на ТППЕ во Куманово, полицијата приведе две лица
-

Кривична за поранешен директор и три лица во јавно претпријатие во Кочани за злоупотреба на службената положба
-

Приведени 15 возачи поради возење без возачка, со активна забрана за управување од нив една малолетничка
-

ОН ја повикаа Русија да ги запре нападите врз енергетската инфраструктура на Украина
-

Tрамвај излета од шините во Сараево, една жена загина, неколкумина се повредени
