Левица: Дали „Фортонинвест” во Маврово гради без дозвола?
И Националниот парк Маврово стана градилиште. На само 100 метри од скијачките терени во Маврово се гради нов резиденцијален комплекс на 9 илјади квадратни метри, со седум станбени блока и 180 станбени единици. Овие градежни активности во срцето на Маврово се најдоа на критика на јавноста пред сѐ поради узурпацијата на зелените површини, но и габаритноста на објектот со што директно се нарушува автентичноста и биодиверзитетот на ова природно богатство.
Додека од Општината уверуваат дека градбата е согласно Деталниот урбанистички план, до Левица пристигнаа информации дека изградбата на овој објект, кој е инвестиција на „Фортонинвест – фирма ќерка на „Fortonmka/Cushman&Wakefield”, се спроведува без потребните дозволи издадени од Министерството за животна средина и просторно планирање. Станува збор за дозволи кои се издаваат врз основа на стручно мислење за ефектот на градбата врз околината.
Еден од жителите на Маврово, кој живее непосредно до градбата, нѐ информира дека таква дозвола е невозможно да се добие поради тоа што на истото тоа место, но и околината, растат ендемични растенија. Дополнително, за изградбата на овој објект се уништува и високостеблеста шума, а самата големина може да предизвика лизгање на земјиштето.
Иако овој случај ја бранува јавноста, сепак никој од надлежните институции не излезе со прецизни информации за тоа кој ја издал дозволата за градба, дали инвеститорот ги поседува сите потребни дозволи и дали одредени заштитени структури на власта се инволвирани во спорниот проект.
Ново на Сител
-
Вучиќ: Во следните 10 дена ќе одлучиме дали ќе одиме на избори или ќе формираме нова влада
-
Путин: Ако Западот престане да го поддржува Киев, конфликтот во Украина ќе заврши за два месеца или помалку
-
Елмас се враќа во Италија како позајмен играч на Торино
-
Поради магла намалена видливоста на патните правци околу Битола и на патот Тетово – Попова Шапка до Гајре
-
Реакција на Здружението на социолози на новата Нацрт-концепција за гимназиско образование
-
Началникот на француската жандармерија оцени дека постои можност за вооружен конфликт во земјата
-
На УКРО лани новорегистрирани 73 лица со рак на грло на матка, најмалку во последните десет години
-
12-годишник и го нападнал синот на Скопјанка, таа го однела дома и го држела одреден период