-->
-->
Левандовски е најдобриот фудбалер во светот
-->
Ѕвездата на минхенски Баерн, Роберт Левандовски е прогласен за најдобар фудбалер во светот и ја освои наградата ФИФА за 2020 година. Полскиот репрезентативец ја освои наградата во трка со Кристијано Роналдо (Јувентус) и Лионел Меси (Барселона).
Наградата беше доделена за прв пат во 2016 година и беше двапати во сопственост на Роналдо (2016 и 2017 година), а Меси ја освои еднаш - минатата година. Сега Полјакот Роберт Левандовски го доби тоа лично од претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, откако оваа година освои тројка со Баварците.
Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп е именуван за тренер број 1 втора година по ред.
Домаќини на церемонијата беа легендата на холандскиот фудбал Руд Гулит и спортскиот новинар Решмин Чаудури.
Претседателот на ФИФА, Инфантино ја отвори церемонијата со видео порака во која зборуваше за тешката година во фудбалот, споменувајќи ја големата загуба на легендите Диего Марадона и Паоло Роси.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
30 години информативна редакција на Сител
-
30 години информативна редакција на Сител со Драган Антоновски
-
30 години информативна редакција на Сител со Борјан Јовановски
-
30 години информативна редакција на Сител со Јадранка Костова
-
Војната во 2001-та вистински предизвик за известување за младата редакција на Сител
-
Информативната редакција на Сител со Марјан Ѓуровски
-
Информативната редакција на Сител со Јасминка Аневска
-
Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија