Летово зголемена фреквенцијата на патарината „Романовце“

Зголемена е фреквенцијата на наплатната рампа Романовце, сместена на коридорот 10 во екот на туристичката сезона, соопштија денеска од Јавно претпријатие за државни патишта. Оттаму велат дека поголеми задржувања на оваа наплатна рампа и покрај големата раздвиженост летово.
- Во летниот период вообичаено е зголемена фреквенција на возила од сите категории на сите наплатни станици, а посебно на Романовце, бидејќи е на коридорот 10 и води кон туристички дестинации. Наплатната служба со сите расположливи средства и можности се труди да го намали метежот и до овој момент поголем метеж немало и нема подолги задржувања, велат од ЈПДП.
Од први јануари годинава до 31 јули годинава поминале над 3,1 милиони возила од сите категории, а лани во истиот период 2, 9 милини возила. Од 1 мај до 31 јули, просечно поминале 17.784 возила од сите категории. Постепено расте наплатат со електронски уреди, за три проценти, но, сепак граѓаните преферираат да плаќаат со готовина.
- Годинава од први јануари до 31 јули поминале 3.164.673 возила од сите категории што е за 202.816 возила повеќе во однос на 2023 година. Од нив, со МKард поминале 12.3 проценти, со МТаг 8, 3 (или со електронски уреди 20.7). Во кеш платиле 63.7 отсто и е намалување за 3,5 проценти, додека со банкарска картичка, процентот е приближно како и во 2023 и изнесува 13.3%. Прекршочни билети учествуваат со 0.329 проценти, велат од ЈПДП.
Лани за истиот период поминале 2.961.857 возила. Од нив, со МКард учествувале со 10.4 проценти, со МТаг 6.9 или вкупно со ел.уреди 17.4 отсто. Во кеш платиле 67.3, проценти и со банкарска картичка 13.15%. Како прекршочни билети односно оние кои не платиле патарина се 0,3 проценти.
Ново на Сител
-

Претставничкиот дом на САД го отфрли предлогот на демократите за прекин на војната со Иран
-

Полицијата на Илиноис добила дојава за бомба во куќата на братот на папата Лав
-

Генерал Кејн: САД за три дена вратија 13 бродови кои се обидоа да ја пробијат блокадата на Ормуската Теснина
-

Војната во Иран ја турна инфлацијата во еврозоната на 2,6 отсто, највисоко ниво од јули 2024 година
-

Американската војска е подготвена да продолжи со борбите доколку Иран не се согласи со мировен договор
-

Трамп: Израел и Либан се согласија на десетдневен прекин на огнот
-

Ѓорѓиевски: Започна процесот на одгасување на Вардариште, чекор поблиску до најголемиот мега-парк
-

Возач на камион под дејство на алкохол предизвикал сообраќајна несреќа со материјална штета кај Солун
