Летовите од Македонија кон Брисел се одвиваат нормално

Авиосообраќајот од Македонија кон Брисел се одвива нормално согласно утврдениот возен ред. За денеска и утре нема закажани летови кон оваа европска престолнина, а следниот лет треба да се реализира во петок преку авиокомпанијата „Визер“ на аеродромот „Шарлоа“ кој не беше цел на терористичките напади што вчера се случија во Брисел.
- Авиосообраќајот на двата македонски аеродрома се одвива нормално, според редовните распореди на летање, информира прес- службата на скопскиот аеродром „Александар Велики“.
Оттаму истакнуваат дека во соработка со надлежните институции се преземаат сите мерки на претпазливост во рамки на меѓународните авијациски стандарди.
Досега дел од европските држави го подигнаа нивото на безбедност на нивните аеродроми.
Брисел вчера беше цел на терористички напади во кои загинаа 32 лица, а над 250 беа повредени. Цел на нападот беа аеродромот Завентем и метрото во центарот на Брисел. Одговорноста за нападите ја презеде терористичката група Исламска држава.
Ново на Сител
-

Давидовиќ за Сител: Пронајдените пари се на родителите, а не на Ристов, ќе се жалиме
-

Судскиот совет му го одзема имунитетот на судијата Ристов, Обинителството бара куќен притвор
-

Тема на денот со Панче Тошковски, министер за внатрешни работи
-

Мицкоски на светскиот економски форум во Давос
-

Утре повторно протест пред Усје
-

Обвинетите тврдат, немало план за убиството во Штип
-

Со традиционалното капење во водите на Охридското езеро одбележан Денот на рибарите
-

Трипуновски: Младите да ги искористат поволностите и рентабилноста на тутунопроизводството
