-->
-->
Летонија го одобри зачленувањето на Северна Македонија во НАТО
-->
Парламентот на Летонија го одобри зачленувањето на земјава во НАТО. Како што соопшти, денеска е усвоен нацрт-законот со кој се ратификува протоколот за пристапување на Република Северна Македонија кон Алијансата.
- НАТО обезбедува сигурност за скоро една милијарда граѓани во Европа и Северна Америка. Со пристапувањето на Северна Македонија, ќе има 30 земји-членки – сите подготвени да се заштитат меѓусебно. Пристапувањето на Северна Македонија во Алијансата, исто така, се очекува да придонесе за зајакнување на регионалната и евроатлантската безбедност, рече Рихардс Колс, претседател на Комитетот за надворешни работи кој е одговорен за нацрт-законот во Саима.
Оваа информација на твитер ја објави и Мисијата на Летонија во НАТО.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Изет Меџити, коалиција Вреди
-
Приватните специјализанти ќе работат за празниците, но не се откажуваат од барањата
-
ДСЗИ повторно влезе на Токсикологија
-
Одобрена екстрадицијата на Палевски
-
Распределбата на спортски ваучери ќе седне на обвинителна клупа 12 лица
-
Скопјанец со тешки повреди заврши на КАРИЛ по пад во отворена шахта
-
Сите имаат услови за владина коалиција
-
Ковачевски со критики за ДУИ