Летно ликовно матине „Монмартр – Битола 2016“
Детското ликовно студио „Св.Кирил и Методиј“ Битола од денеска до 15 јули во Националната галерија „Монмартр“ во Старата битолска чаршија приредува летно ликовно матине.
Станува збор за изложба на три изложби од годинашното издание на „Мал битолски Монмартр“, односно избор на најдобри слики од „Олимпијадата во очите на децата“, „Светска ликовна изложба“ и „Ликовните бисери од Охрид, Крушево и Битола“.
- Почнуваме со нова манифестација која планираме да прерасне во нова традиција и секоја година на 12 јули, на ден Петроведен, ќе организираме летно ликовно матине. Изложбата од избрани дела на децата од светот ќе биде на платото пред Детското ликовно студио „Св.Кирил и Методиј“ и во Националната галерија „Монмартр“ кои секое лето ги посетуваат голем број битолчани кои работат во странство, гости на градот и други добронамерници кои ја посетуваат Старата битолска чаршија, посочи Коста Хаџиантоновски, иницијатор на новиот културен настан во Битола.
На средбата со новинарите во Битола, Хаџиантоновски најави дека до крајот на оваа недела во Детското ликовно студио „Св.Кирил и Методиј“ ќе престојува делегација на Меѓународниот и Македонскиот олимписки комитет кои ќе ги изберат најдобрите слики изработени на тема „Олимпијадата во очите на децата“. Тие ќе бидат испратени во Олимпиското село во Рио де Жанеиро и изложени на претстојните Олимписки игри во Бразил.
Ново на Сител
-
Со таблички во боја ќе се спречува злоупотребата на службени возила
-
Тема на денот со Сашо Клековски, директор на Фонд за здравство
-
Се стопираат етничките вработувања во администрацијата
-
Потребни итни реформи во судството, состојбата е алармантна
-
Мицкоски на средби со ЕУ челниците во Брисел - Ќе пренесел порака за фрустрацијата на македонскиот народ
-
Таравари: Ахмети да се навикне на опозиција
-
Стотина прехранбени производи еден месец ќе имаат ограничена бруто профитна маржа до 10%
-
Мицкоски: Задолжувањето не е кинеско, ако ви пречи Кина зошто потпишавте договор со нив?