Летен џез-караван во Виница
Летниот џез-карван, кој се реализира во рамки на културната манифестација „Топол културен бран“ поддржана од Министерството за култура продолжува во Виница.
На платото пред Домот на култура „Тошо Арсов“ во Виница со почеток во 20:30 часот концерт ќе има Гоце Стевковски-Септет.
Се работи за состав од седум македонски џез музичари, предводени од тапанарот Гоце Стевковски, кој веќе извесен период работи на своја авторска музика. Стевковски соработува со „Архангел“, „Леб и сол“, Бодан Арсовски Езгија Бенд, Проект Жлуст, ДНО...Учествувал во бројни џез проекти и соработувал со скоро сите значајни имиња на македонската и балканската џез сцена. Работи и како професор на Џез академијата во Штип.
Во Гоце Стевковски-Септет се и Трајче Велков-труба, Кирил Кузманов-алт саксофон, Иван Иванов-тенор саксофон, Кирил Туфекчиевски-контрабас, Дамир Имери-клавијатури и Сашко Николовски-тромбон.
Летниот џез караван е организиран од Здружението на џез музичари и слободни уметници.
Ново на Сител
-
Тешко повреден возач на трактор - изгубил контрола над возилото
-
Извештај на ЕК : Низок оперативен и административен капацитет за сите видови транспорт
-
Израел проценува дека 51 заложник држени во Газа се живи
-
БиХ: Во Јабланица се одржуваат локалните избори одложени поради поплавите
-
Прегазена 78-годишна жена - сторителите фатени преку видео снимки
-
Земјотрес со јачина од 5,6 степени ја погоди Аргентина
-
Дачиќ: Состојбата на повредените во несреќата во Нови Сад е многу тешка, досега се сослушани 26 лица
-
Заеднички воздушни вежби на Јужна Кореја, САД и Јапонија