Леталото на Илон Маск безбедно ги однесе астронаутите до Меѓународната вселенска станица
Тројца астронаути од САД и еден од Јапонија, кои пред речиси два дена отпатуваа во вселената со летало на компанијата на Илон Маск, SpaceX, вчера пристигнаа безбедно на Меѓународната вселенска станица, каде што ќе бидат наредните шест месеци.
Иако нивното слетување доцнеше поради тоа што Сонцето фрли сенка а местото за слетување, поврзувањето со станицата сепак се случи 422 км над Идах. Американските астронаути Мајкл Хопкинс, Виктор Гловер и Шенон Вокер, како и искусниот јапонски астронаут Соичи Ногучи, ќе останат на орбитирачката вселенска станица додека не стигне нивната замена во април идната година.
Ова е прв пат компанијата на Илон Маск да однесе екипаж на полугодишен престој во вселената. Овие четворица астронаути им се придружија на тројца Руси кои на вселенската станица дoлетаа неодамна од Казахстан.
Четворицата aстронаути нивната капсула ја нарекоа „Отпорност“ како синоним за надежта која му е потребна на светот во текот на оваа тешка година.
Ново на Сител
-
Мицкоски очекува ТВ дуел со Ковачевски
-
МТСП: Понеделник неработен за граѓаните од католичка вероисповед
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо
-
Објавен конкурсот за уписи во средно училиште