-->
-->
Лестер ги поскапе билетите за последниот дуел
-->
Три победи, во последните пет кола, на Лестер матаметички ќе му ја обезбедат титулата во Премиерлигата. „Лисиците“, во последните пет кола три пати ќе играат на домашен терен, а билетите за последниот сезонски меч на Кинг Пауер стадионот, се продадени за 90 минути.
Лестер, на 7.мај, ќе го пречека Евертон, навивачите очекуваат дека на тој меч ќе ја слават титулата, а билетите за овој меч на црниот пазар достигнале сума и од 15.000 фунти.
„Натпреварот предизвика невиден интерес на нашата интернет платформа и во нашиот шоп. Сепак „фамилијарните“ и „голд“ претплатниците навремено си обезбедија влезници“, објавија од клубот со напомена дека ќе превземат акции со кои би спречиле билетите да бидат продавани над реалните цени.
Само неколку часа биле потребни влезници да бидат нудени на Интернет, три илјади фунти за една и многу повеќе пари за пар.
„Ова е сезона која нема никогаш да се повтори. Никој не можеше да очекува дека ова ќе се случи“, изјавил за ББЦ разочаран навивач на Лестер, кој не успеал да дојде до билет за последниот домашен меч во сезоната, дополнувајќи дека пропуштил само три натпревари кога тимот играл на Кинг Пауер стадионот.
„Лошо е чувството, нема да бидам на прославата“, рекол разочараниот навивач.
Инаку, Лестер кој има седум бодови повеќе од Тотенхем, во наредните две кола како домаќин ќе игра против Вест Хем и Свонси, потоа ќе му гостува на Манчестер Јунајтед, на 7.мај ќе го пречека Евертон, а сезоната ќе ја заврши во Лондон, кај сѐ уште актуелниот шампион Челзи на 15.мај.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ВО ЖИВО: Како да се заштити Скопје од криминалните банди?
-
Тема на денот со Панче Тошковски, Министер за внатрешни работи
-
Компаниите и владата мора заедно да работат за дигитална трансформација
-
Четири јавни дебати за реформи на Судскиот совет
-
Нов обид за убиство на Раде Штекли – бомба одекна во Ќерамидница
-
Убиство од небрежност
-
Почна собраниската дебата за буџетот за 2025
-
Директорите незаконски си ги зголемиле платите додека Пошта тоне во длабока финаниска криза