Лесна победа на Еурофарм Пелистер над Татран Прешов
Ракометарите на Еурофарм Пелистер лесно и убедливо го совладаа словачкиот претставник во СЕХА-лигата, Татран Прешов, со 28:16 (11:7).
Битолскиот тим подготвен влезе во натпреварот, наспроти гостите кои пристигнаа со 11 ракометари и во ниту еден момент од средбата не покажаа дека може да направат изненадување. Дополнителна потврда за впечатокот е движењето на резултатот кој во 51 минута покажуваше 12 голови предност за домашната екипа.
За рутинската победа на битолчани најзаслужни се Граѓан кој постигна 7 и Периќ кој постигна 6 голови, но и 15 одбрани на голманот Хандави кој постигна и еден гол на средбата впишувајќи се во листата на стрелците.
Во фер и коректен натпревар, судиите од Хрватска, Милошевиќ и Губица имаа лесна задача да арбитрираат на оваа меѓународна средба што се одигра во рамки на СЕХА-лигата.
Ново на Сител
-
Девизните резерви во април зголемени за 41,9 милиони евра
-
Анонимна пријава за случаи со поткуп од политичка партија во Кичево
-
Во Делчево денеска гласаат 222 болни и изнемоштени лица за претседателските и парламентарните избори
-
Советот на ЕУ го усвои првиот закон за борба против насилство врз жените
-
И во Шпанија студентите подготвуваат протести против Израел
-
Претреси во Охрид поради фотографирање избирачки список и гласачки ливчиња
-
Турција: Офанзивата во Рафа е уште едно воено злосторство на Израел
-
Германија поради европското фудбалско првенство воведува контроли на сите граници