-->
-->
Лесна група за Македонија во квалификациите за Еуробаскет 2017
-->

Репрезентациите на Унгарија, Велика Британија и Луксембург ќе бидат противници на Македонските кошаркари во квалификациите за Еуробаскет 2017.
Ова е епилогот од ждрепката извршена денеска во Минхен, во која црвено-жочтите добија противници по мерка, па пласманот на шестото ЕП за Македонија не би требало да биде проблем.
За сигурен настап на шампионатот Македонија треба да биде првопласирана, но постои и можност во оваа конкуренција, како и во зависност од останатите групи црвено-жолтите и како втори да играат на Евробаскетот.
Имено, учество на шампионатот ќе обезбедат 11 селекции и тоа седумте првопласирани, како и четири од второпласираните од секоја од квалификациските групи.
Квалификациите ќе се играат летово, во периодот од 31 август и 17 септември.

-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Венко Филипче, претседател на СДСМ
-

Терористички напад на плажа во Сиднеј
-

Мицкоски го повика Обвинителството да провери дали СДСМ крева паника со мигрантите
-

Мицкоски: Со „ЗНАМ” во Владата функционираме стабилно
-

Поранешниот правобранител Фехми Стафа е уапсен за земање поткуп од 50.000 евра за да влијае врз судија
-

Конференција на ЛДП: Проширувањето на ЕУ клучно за стабилна Европа
-

Мицкоски: Трезорот не се затвора утре - административците ќе добијат плата и К15
-

Возењето е успорено поради „Сејф сити“
