-->
-->
Леонардо ди Каприо сака да го глуми Путин
-->
Американскиот актер Леонардо ди Каприо не го крие воодушевувањето од рускиот претседател Владимир Путин. Тој го запознал Путин во 2010 година Санкт Петерсбур, на самитот за спасување на сибирските тигри.
- Би сакал да го глумам. Навистина е исклучително интересен маж и водач, изјави Ди Каприо, изјави актерот за германскиот весник „Велт“. Инаку бабата на Леонардо била Русинка, па често актерот го истакнува и своето руско потекло.
Леонардо ди Каприо во моментов е актуелен со филмот „Повратник“, за кој многумина веруваат дека конечно ќе го добие Оскарот за најдобар актер, после шест номинации.
-->
-->
-->