Леонардо ди Каприо „ќе го донесе“ Робин Худ во Дубровник
Најголемата филмска продукција што кога било се случила во хрватската историја е планирано да се случи во Дубровник во 2017 година, јави Хина.
Станува збор за филмот „Робин Худ: Почетоци“, во продукција на компанијата „Лајонсгејт Филмс“.
Продуцент на филмот е Леонардо ди Каприо, а актерската екипа ќе ја сочинуваат плејада „оскаровци“, како на пример - Џејми Фокс, кој ќе настапи во улогата на „Малиот Џон“.
Според дубровничките градски власти, продукцијата на филмот е планирана да започне во јануари и да трае некаде до февруари. Премиерата е закажана за 2017 година.
Во главната улога, онаа на Робин Худ, ќе го видиме велшкиот актер Тарон Еџертон, познат по филмот „Кингсмен“, додека пак, ќерката на Боно од „Ју-Ту“, Ирката Ив Хјусон ќе ја глуми Мерион. Режисерската палка ќе му припадне на Ото Батхрст.
По серијата „Игра на тронови“, седмиот филм од серијалот „Војна на ѕвездите“, и по боливудскиот хит „Фан“, Дубровник продолжува да биде атрактивна дестинација за филмските продуценти. Според „Лајонсгејт Филмс“, Дубровник е „најпосакуваната странска филмска дестинација во светот“ за американските продуценти.
Ново на Сител
-
На онкологија почна да стигнува дел од терапијата која беше дефицитарна
-
Ниту Институтот по филозофија при УКИМ не ја одобрува новата концепција за гимназиско образование
-
Тошковски: Безбедносната состојба е стабилна
-
Анализа: Како техонологијата може да ви го спаси животот
-
Србија не се смирува, протестите продолжуваат
-
ВМРО-ДПМНЕ: Нема веќе лекови на реверс од омилената веледрогерија
-
Веќе пет дена гори депонијата кај Прилеп
-
Штипска Онкологија има недостаток од кадар и просторни услови