Балкан
1. November 2016 - 15:28

Лелекот на другарчињата одѕвонуваше низ гробиштата: Погребана малечката Милица

Деветгодишната Милица Т. од Пеќинци е погребана денеска по 13 часот на локалните гробишта во тоа место.

Кон вечното почивалиште ја испратија жителите на целото село.

Меѓу нив беа и другарчињата од одделението на девојчето чии лелеци одѕвонуваа низ гробиштата.

Мајката и таткото прегрнати стоеја над гробот на девојчето додека меѓу нив стоеше нејзиниот брат.

Милица загина во неделата во текот на играта во дворот на семејната куќа кога врз неа пад дел од земјоделска машина.