Лекарската комора времено му ја одзеде лиценцата на гинекологот виновен за случајот со лажната бременост кај пациентка
Докторот Николче Дамчевски, специјалист по гинекологија и акушерство е виновен за случајот во кој водел пациентка како бремена се до терминот за породување кога и соопштил дека воопшто не постои бременост, потврди Второстепениот совет при Судот на честа на Лекарската комора на Македонија.
На седницата одржана на 23 овој месец, Второстепениот совет ја потврдил одлуката донесена од Првостепениот судски совет.
- Со неа, д-р Николче Дамчевски е прогласен за виновен во постапка за случајот кога лекувал и спроведувал постапки на биолошко потпомогнато оплодување на пациентка, ја водел како бремена, иако таа не била. Во целиот период на т.н бременост докторот ја следел, ја информирал за напредокот на бременоста, ординирал терапија за одржување на бременоста се до наводниот термин за породување кога и соопштил дека воопшто не пости бременост. Со наведените дејства, како што оцени Судот на честа, докторот ги прекршил одредбите од Кодексот на медицинска деонтологија и му се изрече мерка времено одземање на лиценцата за работа во траење од седум години, се вели во соопштението.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Марјан Ненов од движењето Стоп извршители
-
Почина родилка во кумановската болница, новороденчето на интензивна на Детска
-
Струмица и шест села останаа без исправна вода за пиење
-
Законот за нефер трговски практики стапи на сила, поевтинување нема
-
Софија одби медијаторство на Орбан во разговорите со Скопје, различни анализи што всушност понуди унгарскиот премиер
-
ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор утврдил сомнителни набавки од Владата на СДСМ
-
Расте потребата од образовни асистенти
-
Пристап до безбеден абортус е здравствено право на секоја жена