Лекарите предупредуваат на можен јануарски пик на заразата
Предпразничните гужви низ моловите, по маркетите и на граничните премини можат да донесат нов бран на Ковид-19 во јануари. Од зголемување на бројот на заразени стравуваат и лекарите, но велат нема да биде со ист интензитет како есенскиот пик кога се бараше кревет повеќе за хоспитализација на болните. Координаторот на ковид центрите во интерните клиники смета дека засега има доволно слободни места, но според него, се зависи од однесувањето на граѓаните.
-Може да има зголемување на бројот, да биде од некој интензитет, но имаме 100 кревети и од моето досегашно искуство нема толку да биде силен за сите да бидат пополнети. Секако, има капациетет со 50 кревети и на хируршките клиники доколку дојде до потреба од тоа, вели проф. Др. Дејан Докиќ директор на Клиника за Пулмологија
И додека се празнат кревети во ковид центрите, на Пулмологија расте бројот на пациенти кои имаат компликации по прележување на корона вирусот и неопходен им е дополнителен третман за нивните бели дробови да функционираат нормално. Наместо дома, овие болни од Инфективна или ГОБ 8-ми септември завршуваат повторно во болничка соба во друга здравствена установа.
-Се поголем е бројот на вакви пациенти. Веќе доаѓаме до граница на исполнувањ ена капацитетот и утрово веќе разговаравме да биде зголемен бројот на кревети за третман на вакви пациенти во Инситутот за рехабилитација во Козле и Институтот за белодробни заболувања во јасеново и таму ќе одат вакви болни, вели Докиќ.
За прв пат по подолг временски период бројот на хоспитализирани поради компликации од вирусот е помал од 1000. Дури 30 слободни места има на Инфективна и стотина на интерните клиники. Намален е и притисокот врз лабораториите за тестирање.
-
Сања Димитровска
Сите содржини од овој новинар