Македонија
3. December 2019 - 15:13

Лекари специјалисти од Гевгелија и Струмица ќе работат и во Валандово

По добивањето на сите потребни согласности, лекари специјалисти од општите болници од Гевгелија и Струмица, од овој месец ќе почнат да работат и во Здравствениот дом во Валандово.

Од валандовската јавна здравствена установа денеска потврдија дека веќе има достапни термини за прегледи кај специјалистите по неврологија и за уво, нос и грло и дека тие ќе стартуваат веднаш откако ќе завршат формалностите за добивање на согласност за работа.

Во кусото соопштение пациентите се информираат дека прегледите по наведените специјалности ќе се вршат еднаш неделно во просториите на Здравствениот дом во Валандово.