Лејкерси ги сопираат преговорите за Дејвис

Л.А. Лејкерс ги прекинуваат преговорите со Њу Орлеанс за трансфер на Ентони Дејвис, соопштува „Лос Анџелес тајмс“.
„Езерџиите“ се лути на нереалните барања на Пеликанс за својата суперѕвезда и како резултат на тоа, ги запираат разговорите, барем во оваа фаза.
Според информациите, последниот предлог на тимот од Калифорнија бил Лонзо Бол, Кајл Кузма, Брендон Инграм, Џош Харт, Ивица Зубац, Кентавиус Колдвел-Поуп и два избора од првиот круг на Драфтот за „веѓата“ и Соломон Хил, кој е со голем договор.
Се тврди дека, сепак, Њу Орлеанс побарале меѓу 6 и 8 идни избори од Драфтот, што веќе било премногу и засега разговорите се прекинати, бидејќи Меџик Џонсон и Роб Пелинка не мислат дека цената е оправдана. Тие можат да бидат обновени ако Пеликанс покажат поголема желба за постигнат договор и излезат со контра-предлог.
Се смета дека организацијата на „пеликаните“ е склона да почека до летото, а потоа повторно да започне преговори со различни тимови за кошаркарот, а тогаш и Бостон ќе може да се вклучи, и покрај гласините дека самиот Дејвис не сака да оди кај Селтикс.
Ново на Сител
-

Спортски настан за промоција на физичка активност и здрави навики кај децата во кабинетот на претседателката
-

Избори во Бугарија: Според обработени 68,34 отсто од протоколите, Прогресивна Бугарија на Румен Радев води со 44,5%
-

Косовец со тесла ограбил тобако, украл 52.900 денари па избегал со велосипед
-

Водовод: Водата за пиење во Скопје одговара на правилникот за безбедност и квалитет
-

ЈП „Комунална хигиена“ во текот на минатата недела подигна 655 кубни метри отпад од диви депонии
-

Ливерпул прв тим во историјата на Премиер лигата што победил на 60 различни стадиони
-

Сан Антонио го победи Портланд во првиот натпревар од плејофот, Вембањама постигна 35 поени
-

Гостиварец остана без „мерцедес“ откако возел 178 км/ч на место каде е дозволено 80
