Легализирани околу 1.500 дивоградби во Кавадарци
![]()
Околу 1.500 дивоизградени објекти во Кавадарци се веќе легализирани, а околу 2.5 илјади се во постапка на легализација, информираше за МИА Ванчо Колевски, заменик раководител на Секторот за урбанизам, комунална изградба, заштита на животната средина и сообраќај при кавадаречката локална самоуправа.
- Согласно на Законот за легализирање на дивоизградени објекти, во Секторот добивме околу 7.500 барања за легализација. Остатокот од бројката на легализирани објекти и досиеја кои се во процес на легализација, се предмети кои се некомплетни, па неопходно е нивно докомплетирање, соопшти Колевски.
Тој нагласи дека голем дел од сопствениците на бесправно изградени објекти во минатото, навреме ја поднеле соодветната документација за легализирање на нивните имоти.
- Само мал дел од нелегалните градители сеуште не се обратиле кај нас со барање за отпочнување на постапката за легализација на нивните градби. Затоа апелирам до нив да ја почнат процедурата за легализација зашто крајниот рок за поднесување на елаборати е до 15 декември, додаде тој.
Колевски информираше дека сега можат да бида легализирани и дивоизградените викендички во заштитената кота од крајбрежниот појас на Тиквешкото Езеро.
- Нивните сопственици потпишуваат изјави дека нема да прават штети, а доколку сепак дојде до тоа, ќе ја надоместат штетата. Ако пак самите имаат штета на сопствените објекти, нема да бараат нејзино надоместување, објасни тој.
На брегот на Тиквешко Езеро кое е втората по големина вештачка акумулација во државата, во изминатите години бесправно беа изградени околу 2.5 илјади викенд куќи.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Сања Божиновска, министерка за енергетика, рударство и минерални суровини
-

ДДВ за горивата од 18% на 10%
-

Мерките од Владата не се доволни – ефект ќе дадат мерките предложени од СДСМ
-

Часовникот отчукува: Трамп му постави ултиматум на Техеран – имаат помалку од 48 часа
-

Мицкоски: Нема простор за зголемување на платите на обвинителите, но се вработуваат нови 200 судски соработници
-

“Брзи прсти” за добивање термин кај специјалист
-

Спречен сомнителен увоз на месо од Парагвај и ореви од Казахстан
-

Браната на р.Отиња во завршна фаза - Николовски на увид
