Македонија
29. May 2023 - 19:06

Лефков: Законите за коридорите поминаа со европско знаменце и злоупотреба на македонското Собрание

„Кога велат за инфраструктура теоретски ќе кажат дека ако финансиите се крвотокот на економијата, тогаш инфраструктурата треба да биде рбетот. Што прават сега тие практично за  да објасниме, тие ја пијат крвта за да ни изградат искривен рбет. Практично сите механизми за контрола кои што требаше да дојдат од законодавниот дом т.е. закон за урбанистичко планирање, закон за градење, закон за експропријација сите беа донесени во постапки и процедури кои што се надвор од законот“, истакна Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ на денешната трибина насловена „Политики за развој на инфраструктурата“.

Тој посочи дека власта склучува договори за лукративни цели. Дури и договорите стануваат тајни. Од власта успеаја да говорат за огромни суми, а притоа кај народот да создадат една апатија.

„Договор  вреден 1,3 милијарди евра, да започнете да броите сега од еден до милион ќе ви требаат 11 дена. Практично ако ви паѓа по едно евро на секоја секунда на секоја изговорена бројка ќе ви требаат 11 дена. А, ако сакате да изброите до милијарда ќе ви требаат 30 години од вашиот живот. Ако сакате да изброите до две милијарди колку што чини овој договор ќе ви требаат 60 години од вашиот живот“, појасни Лефков.

„И замислите законите кои што требаше да ја регулираат изградбата поминаа со европско знаменце и со злоупотреба на процедурата во македонското Собрание. И тоа со една единствена цел која што ја рековме на почетокот, ја пијат крвта, а притоа ни градат искривен рбет во инфраструктурата“, нагласи тој.

Лефков додаде дека власта за жал има само лукративни цели, таа воопшто не мисли на граѓаните и на Македонија.

„Оваа Влада успеа да го потчини судството и да го земе под нозе, практично од она од кое што се плаши Владата на СДСМ и ДУИ е овој народ“, рече Лефков.

Тој дури нагласи дека власта целосно го понижи законодавниот дом.

„Ние видовме дека има планирани средства од 300 милиони евра за експропријација пари со кои што практично ќе се плаќаат и дивоградби кои што немаат завршена процедура“, нагласи тој.

Лефков појасни дека источниот дел од Македонија е целосно заборавен од власта.

„Секогаш ВМРО-ДПМНЕ она што го ветува го исполнува и секогаш се води од еднаков и рамномерен развој на целата држава“, порача Лефков.

 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Ново на Сител