Лебедово езеро во изведба на Булфрогс со реприза на 7 Декември
По големиот успех на премиерната изведба, на 7 Декември со почеток во 19 часот на сцената на Македонскиот Народен Театар Булфрогс балетското училиште репризно ќе го изведе балетот „Лебедово
Езеро“ на музика од Петар И. Чајковски, во кореографија на Александра Никифоровски, а во изведба на учениците од Булфрогс Балет, на возраст од 4 до 18 години. Главните улоги ги играат учениците на Булфрогс Балет како и гости Македонската Опера и Балет и Националните балетски куќи од регионот. 
„Лебедово езеро“ е љубовна приказна низ која се проткајува темата за борбата помеѓу доброто и злото. Поаѓајќи од оваа приказна, кореографката Никифоровски внесува нови елементи кои го отсликуваат современиот начин на живеење.
„Лебедово Езеро“ е седмата продукција на Булфоргс од основањето на училиштето, а премиерно беше одиграна на 19 Јуни 2015 година, на сцената на Македонскиот Народен театар.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Пратенички прашања во Собранието
-

Шефот на словачката дипломатија во официјална посета на Македонија
-

Нема финален договор меѓу МОН и студентите
-

Искра Хаџи Василева е новата шефица на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција
-

МВР приведе 4 лица за двете убиства во Ѓорче Петров
-

Тема на денот со Соња Трифуновска, заменик народен правобранител
-

МВР приведе 4 лица за двете убиства во Ѓорче Петров
