ЛЕ: Убедлива победа на Арсенал

Арсенал, стигна до втората победа во вториот меч од ЛЕ, откако со 4:0 ги „растури“ Стандард Лиеж. Човек на мечот беше 18-годишниот Бразилец, Мартинели, кој шансата за старт од Унаи Емери ја искористи со два гола во првите 16 минути игра. Вилок и Себалјос ја комплетираа победата за „топчиите“, а четвртиот гол беше на асистенција на младиот Бразилец.
Тинејџерот Габриел Мартинели, претходно постигна два гола за Арсенал во мечот од Англискиот лига куп.
Лацио го доби мечот кој мораше да го добие, победувајќи ги Рен со 2:1 во второто коло на Лига Европа, благодарение на Сергеј Милинковиќ-Савиќ, кој со гол и со асистенција го направи пресвртот откако францускиот тим поведе со 0:1. Лацио загуби на гостувањето во Клуж во првото коло и беше под императив на победа над францускиот клуб.
Гостите го „замолчеа“ „Олимпико“ со гол во 55. минута, но само девет минути подоцна СМС стрелаше за израмнување, за во 75. минута да го пронајде Чиро Имобиле за победничкиот гол.
Во другите поинтересни мечеви, нордиското „соседско“ дерби меѓу Малме и Копенхаген заврши 1:1, Севилја со минимални 1:0 го победи кипарскиот АПОЕЛ, а Ајнтрахт Франкфурт со 1:0 славеше на гостувањето кај Гимараеш.
ЛИГА ЕВРОПА, 2.КОЛО
ГРУПА А
Дуделанж – Карабаг
Севилја – АПОЕЛ 1:0
ГРУПА Б
Лугано – Динамо Киев 0:0
Малме – Копенхаген 1:1
ГРУПА Ц
Краснодар – Хетафе 1:2
Транбзонспор – Базел 2:2
ГРУПА Д
Розенборг – ПСВ Ајндховен 1:4
Спортинг Лисабон – ЛАСК Линц 2:1
ГРУПА Е
Селтик – ЦФР Клуж 2:0
Лацио – Рен 2:1
ГРУПА Ф
Арсенал – Стандард Лиеж 4:0
Гимараеш – Ајнтрахт Франкфурт 0:1
АРСЕНАЛ – СТАНДАРД ЛИЕЖ
ЛАЦИО – РЕН
СЕВИЛЈА – АПОЕЛ
Ново на Сител
-

Јаневска: Врсничкото насилство бара заедничка одговорност, родителите мора повеќе да се вклучат
-

Италија планира да ги казнува возачите кои возат пребавно во левата лента
-

Притвор и мерки за претпазливост за осомничените за перење пари и изнуда во Куманово
-

36-годишник уценувал девојка со интимни фотографии, барал пари и сексуални услуги
-

16-годишна прилепчанка пријавила дека била претепана од партнерот и неговиот татко
-

ЕУ предупредува: Алгоритмот на ТикТок ги изложува корисниците на содржини штетни за менталното здравје
-

Кумановец нападнал полицаец при обид да биде приведен
-

Мицкоски: Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот
