Фудбал
15. July 2016 - 14:56

ЛЕ: Шкендија во 3. коло со Млада Болеслав

 
Фудбалерите на Шкендија добија мотив повеќе да го елиминираат Нефчи од 2. коло во Лига Европа и  на 28 јули во Скопје да играат против тимот од Чешка Млада Болеслав во првиот меч од 3.квалификациско коло. Доколку  тетовци го минат Нефчи, тогаш во третата квалификациска рунда во Лигата на Европа, ќе се сретнат со Млада Болеслав, тим од Чешка. Секако тим што може да се мине. Првиот меч ќе се игра во Скопје на 28 јули а реваншот во Чешка на 4 август. Оваа шанса Шкендија мора да ја искористи и да го повтори успехот на Работнички од лани.