ЛДП: Како земја потребни ни се ниски даноци, повеќе пари кај граѓаните и бизнисите
Либерално-демократска партија ја поздравува одлуката на Владата за целосно укинување на законското решение за прогресивното оданочување кое требаше да започне на 01 јануари 2023. Со тоа се потврдува како дел од владината политика еден од основните постулати на партијата за рамен данок за кој јасно се изјаснивме уште во преговорите за именување на новиот премиер Димитар Ковачевски.
– ЛДП останува доследна за ефикасен даночен систем заснован рамен данок, ниски даноци и повеќе пари кај граѓаните и кај бизнисите. Особено во услови на финансиска и енергетска криза и во опкружување во кое живееме тоа е единствената формула за зајакнување на домашните компании и привлекување на странските инвестиции. Одржливоста на буџетот, заедно со конкурентноста на стопанство на домашниот и светскиот пазар се врвен приоритет, велат од партијата.
Од ЛДП додаваат дека одлуката на владата за задржување на рамниот данок и ниските даноци позитивно ќе влијаат врз одржувањето на поволна бизнис клима и овозможуваат повеќето пари да останат во стопанството и кај граѓаните.
– Со рамниот данок и ниските даноци ќе овозможиме развој и ќе ја доведеме земјата во групата на земји со највисок раст на бруто домашниот производ (БДП). Со напуштањето на експериментот за прогресивен данок, ќе овозможиме многу да се зголеми интересот на домашни и странски инвестиции да отворат нови работни места за граѓаните. Со рамниот данок ќе го зголемиме извозот и приливите во буџетот континуирано да растат. Ќе се создадат услови за враќање на странските долгови, со постојано зголемување на стапката на раст. Очекуваме и проширување на постоечките бизниси, како и развој на градежништвото кој е предводник на домашната економија токму поради повластената стапка од само 5 отсто, додаваат од ЛДП.
Според партијата рамниот данок треба во крајна мерка да остане 10 отсто, имајќи ги предвид компаративните анализи со алтернативни претходни политики како на пример кога во 2005 година ефективната даночна стапка изнесувала над 40 отсто. Ниските даноци мора да бидат придружени со мерка ослободување на стопанството од обврската за плаќање на данок на нераспределената добивка, што придонесува за негова подобра ликвидност и работење. Данокот на добивка за фирмите кои ќе ја реинвестираат добивката треба да остане 0 отсто.
Исто така, рамниот данок мора да биде придружен со ефективна буџетска политика која ќе се заснова на помалку непродуктивни административни трошоци, а повеќе издатоци за инвестиции, стимулирање на економијата и поддршка на ранливите категории на кои им е потребно да им се даде помош во овие кризни времиња. Во таа насока, ЛДП во наредните недели ќе предложи мерки за намалување на непродуктивните административни трошоци и расфрлање со парите на граѓаните.
Ќе продолжиме за да инсистираме на ниски даноци кои овозможуваат развој, и преку нив Македонија да достигне статус да биде секоја година е во групата на земји со највисок раст на БДП. Зголемувајќи го извозот ќе ги зголемиме приходите во буџетот и ќе инвестираме повеќе во образованието, економијата, инфраструктурата, здравството и социјалниот развој.
Либерално-демократска партија
Ново на Сител
-
Во Појасот Газа за еден ден загинаа најмалку 60 луѓе, а 284 се повредени
-
Коњановски ја посети локацијата каде падна кран на градежен објект во Битола
-
ОЈО поведе постапка против скопјанец за семејно насилство кон партнерката и нејзината мајка
-
Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан чиноначалствуваше со литургијата во Стоби по повод 1700 од Првиот вселенски собор
-
Падна кран во Битола
-
ОЈО бара Арсовска да им презентира докази
-
Македонски тим од неврохирурзи и невролози добитници на 2-ра награда на Меѓународниот конгрес по невронаука | ФОТО
-
Приведен 42-годишник од Тетово, управувал со возило под дејство на алкохол