Лазов: ДСЗИ ќе изврши вонреден инспекциски надзор во здравствените установи каде починатотото бебе било претходно лекувано
Во Клиничкиот центар ,,Мајка Тереза” во Скопје утрово починало 14-месечно бебе. Директорот на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) Кирил Лазов, рече дека ќе изврши вонреден инспекциски надзор во здравствените установи каде починатотото бебе било претходно лекувано, со цел да се утврди вистинитоста за евентуални пропусти во лекувањето.
Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ), согласно надлежностите, ќе изврши вонреден инспекциски надзор во здравствените установи, каде починатотото бебе било претходно лекувано. Односно, на ЈЗУ УК за детски болести и ЈЗУ УК за респираторни заболувања кај деца „Козле“, изјави попладнево директорот на ДСЗИ, Кирил Лазов.
- Со цел да се утврди вистинитоста за евентуални пропусти во лекувањето, надзорот ќе се изврши во присуство на одговорните лица на здравствените установи, како и на лекарите кои учествувале во претходно пружање на здравствена заштита. Обезбедената медицинска документација и изјавите на здравствените работници ќе бидат проследени до министерот за здравство и ќе се иницира формирање комисија за стручен надзор, појасни директорот Лазов.
Ново на Сител
-
Граѓански протест ,,Кој е следен‘‘ за смртта на Фросина Кулакова во Скопје
-
Тема на денот со Дарко Аврамовски - Коалиција ,,Сите за правично судење"
-
Четиригодишно дете починало во Струшката болница
-
МВР спроведува акција за откривање печатница за фалсификување пари
-
Како возачот што ја прегази Фросина добил телефон во затворот
-
Детектор: Две третини граѓани не веруваат во фер судење во Македонија
-
АХВ уништи 110 килограми болничка храна
-
Власта и опозицијата со обвинувања - Кој е виновен за високите цени