Лажните вести се страшни и мора да се бориме со нив, апелира Заев
Лажните вести можат да нарушат здравје, можат да направат проблеми, дури може да уништат и човечки живот, тие се толку страшни и затоа мора да се бориме со нив, изјави денеска премиерот Зоран Заев.
Одговарајќи на новинарско прашање околу напливот на лажни вести последниве денови, премиерот Заев нагласи дека тие се важна тема, многу актуелната, која посебно погодува кога се однесува на здравјето на луѓето, па затоа власта има спремни екипи, кои реагираат во реално време, веднаш откако се објавуваат лажните вести.
– Ќе го кажам примерот во понеделникот кога излезе лажна вест на почитуваниот д-р Докиќ, директор на Клиниката за пулмологија, која што мораше веднаш да се демантира, секако откако тој ја демантира, сите се вклучија да го издемантираат тоа. Во истиот ден се случи лажна вест веднаш по неколку минути, дека тројца министри се вакцинирале со вакцина која што е апсолутно лажна вест. Веднаш излезе демантот, реакцијата и проширувањето дека е тоа фејкњус и лажна вест. И третата вест веднаш паралелно со таа уште рано наутро беше дека граѓани коишто немаат македонско државјанство се попишале во дијаспората, што исто така е лажна вест, истакна Заев.
Тој посочи дека креаторите на лажните вести го избрале почетокот на работната недела за ширење на ваквите дезинформации, а тоа што во нивното распоространување се вклучил и пратеникот и поранешен министер Антонио Милошоски, само ги охрабрува сите оние коишто шират лажни вести.
Заев посочи дела одговорноста е преголема и затоа апелирапе да се спречи ширењето на лажните вести, нагласувајќи дека тоа не е само кривично и прекршочно дело, таа пред се има и етичка димензија, затоа што може да уништи дури и човечки живот.
Ново на Сител
-

Мицкоски: СДСМ ако најде еден мигрант до пролет, јас трајно ја напуштам политиката
-

Инвертер климите доминираат над природниот гас: Поефикасни, побезбедни и поисплатливи
-

Приведени тројца бугарски државјани кои биле затекнати со делови од македонски народни носии
-

Сиљановска Давкова за можен прием на мигранти: Колку што сум информирана од британскиот амбасадор и од Владата тоа не е точно
-

Промени во раководството на ВМРО-ДПМНЕ, па до мај реконструкција на Владата и смени во дел од државните институции, најави Мицкоски
-

Алиу го презентира напредокот на националниот систем за трансплантација и реализацијата на инфраструктурните инвестиции во здравството
-

Сиљановска Давкова: Родово одговорното буџетирање овозможува реална проценка и поправедна распределба на јавните средства
-

Кривична за 24-годишна девојка, управувала возило со 126 километри на час на место каде е ограничено 50
