Лажни се новите дојави на бомби во три основни скопски училишта
Лажни дојави за бомби упатени се изутрината на електронска пошта на три скопски основни училишта.
Министерството за внатрешни работи соопшти дека биле направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави од училиштата во скопско кои добиле порака на електронската адреса со закана за поставена експлозивна направа, и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.
– Денеска (02.12.2022) околу 07.30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на електронски адреси на три основни училишта во скопско е упатена закана за поставена експлозивна нaправа. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави, известуваат од МВР.
Во текот на вчерашниот ден закани за поставена експлозивна направа преку мејл беа уптени и до две основни училишта, „Петар Поп Арсов“ во Карпош 4 и „Кочо Рацин“ во Центар, како и до осум средни училишта во Скопје.
Ново на Сител
-
Странските инвестиции лани надминаа милијарда евра
-
СДСМ бара оставка од Кочоска - Министерката која понижува граѓани не заслужува да раководи со институција
-
Владиниот предлог за разрешување на државниот Јавен Обвинител се уште патува до Судскиот Совет
-
Екс-директорот на Шутка не заврши во Шутка
-
Гаши: Кривичниот законик ќе се менува по предлог на пратениците, а не по барање на Уставен
-
Ден на ретките болести - Пациентите побараа државата да донесе национална стратегија
-
Детска Клиника преполна со болни деца од респираторни инфекции
-
Дурмиши: Нема да се толерира картелско здружување на ланците маркети