-->
-->
Лажна дојава за поставена бомба во трговски центар во Белград
-->

Припадници на српското Министерство за внатрешни работи вечерва спроведоа евакуација на присутните во трговскиот центар „Делта сити“ во Белград, по добиена анонимна дојава за поставена екслозивна направа во објектот.
По извршената проверка е утврдено дека дојавата била лажна, по што трговскиот центат е повторно отворен, а вработените се вратени на нивните работни места.
Полицијата изврши детална проверка на сите простории во трговскиот центар, каде пристигнаа голем број припадници на српските безбедносни служби.
Министерството за внатрешни работи на Србија соопшти дека добило анонимна дојава дека вечерва во „Делта сити“ ќе биде извршен бомбашки напад.
Српската полиција интензивно трага по лицето кое ја дало дојавата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Мирче Адамчевски, новинар/аналитичар
-

Преглед на вестите од светот
-

Нов член во Судски совет според нов закон, а стари критериуми
-

Масовен вандализам во Ново Лисиче: Оштетени над 40 возила
-

СДСМ со нова т.н бомба, ВМРО-ДПМНЕ ги бара документите со кои Филипче добил златна виза
-

Осумчлено семејство остана без дом, откако пожар им ја пеплоса куќата
-

ЈКП-ЈА бараат итни измени во Законот за јавни претпријатија
-

Охрид исполнет за празниците
