-->
-->
Лазаров со нов импулс за македонскиот ракомет
-->
Македонската ракометна репрезентација со вчерашната победа против незгодната селекција на Швајцарија го потврди седмото учество на европските првенства. Со само еден пораз од светскиот првак Данска, нашата селекција потврди дека ја очекува убава иднина.
По се што се случуваше со европскиот првак Вардар, кризата пандемијата, па изненадното учество на мундијалот во Египет кое беше разочарувачко конечно дојдоа убави моменти за македонскиот репрезентативен ракомет со обезбеден континуитет на големите натпреварувања.
Во отсуство на добри резултати во ек на комплексно подмладување на тимот РФМ повлече мудар потег со назначувањето на капитенот Кире Лазаров на селекторската функција.
Се покажа дека најискусниот и најповиканиот најдобро го познава потенцијалот на плејадата млади ракометари кои плашливо се појавуваа на репрезентативните натпревари.
Блеснавме во Скопје против Данска но и потврдивме дека се уште сме силен противник за просечните репрезентации како Финска и Швајцарија.
Пласманот е обезбеден но не треба да се застане тука. Селекторот сигурно е свесен дека враќањето на Миркуловски беше изнуден потег и дека за оние поискусните ќе мора да се бара алтернатива. Стоилов и Манасков очигледно се уште се незаменливи а да не говориме за самиот Лазаров. Кире сигурно има стратегија за подолг период и очекуваме неговиот импулс да биде голем не само за репрезентацијата туку и за клубовите затоа што тука се создава иднината. Долго играме на европските и светските првенства и имаме двократен европски клупски првак но факт е дека главни играчи во домашните клубови се странците. Колку и да е популарен спорт ракометот некако одзивот меѓу младите е послаб од очекувањата. Ако клубовите го подобрат скаутирањето со директно вклучување на атлетски и физички соодветни потенцијали по примерот на Шведска, Данска или Норвешка тогаш Македонскиот ракомет уште посилно ќе се етаблира на светската мапа.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тел Авив под оган, Иран негира преговори: Ескалација на конфликтот на Блискиот Исток
-

Пентагон ја ревидираше медиумската политика согласно судска наредба, но најави жалба
-

Земјотрес со магнитуда од 7,6 степени регистриран во Тихиот Океан во регионот на Тонга
-

Денес облачно време со сончеви периоди и повремен дожд
-

Иран тврди дека погодил локации во Израел и три американски воени бази
-

Украинската војска тврди дека Русија ја засилила офанзивата, но не успева да ги изврши задачите
-

38-годишник од Василево физички нападнал полицаец и тешко го повредил
-

Вработена во банка во Тетово присвоила 39.000 евра кои требало да ги стави на сметка на корисник
