Одбележан Светскиот ден на предвремено родени бебиња

Клиниката за детски болести денеска преку кампањата „Шанса за живот“ го одбележа 17 ноември, Светскиот ден на предвремено родени бебиња.
По тој повод, триесеттина деца, некогашни пациенти на Клиниката за детски болести, заедно со нивните родители беа специјални гости на настанот организиран во киното Синеплекс. Децата имаа можност да се забавуваат, да цртаат, бојат, се дружат меѓусебно и потоа го гледаа најновиот долгометражен цртан филм, Снупи и Чарли Браун.
- Децата родени со компликации и предвремено родените бебиња поминуваат еден нетипичен процес на адаптација и тоа на нив може да остави извесни последици. Токму затоа и заради нашата постојана грижа за овие деца, ја поттикнавме оваа иницијатива, создавање на место и можност за дружење и каде може да бидат дел од еден интерактивен социјален концепт. Моментите за размена на искуства и доживувања се бесценети во процесот на опоравување кој може да трае со години, изјави директорката на Клиниката, Аспазија Софијанова.
На Одделот за педијатриска интензивна нега и терапија се примаат деца од новороденечка возраст до адолесценција. Годишно на Одделот се хоспитализираат 350-400 пациенти, од кои 85 отсто се новородени, половината од нив се родени предвреме.
Во 2013 година просечно на месечно ниво на Одделот за интензивна нега и терапија на Клиниката биле згрижени 3 до 4 предвремено родени бебиња, во 2014 бројот е зголемен за 50 отсто и сега во просек има 6 до 7 бебиња месечно. Во последните години постои светски тренд на пораст на бројот на предвремено родени деца кој е последица на современиот начин на живот, поместувањето на старосната граница кај мајките и тоа што е се поголем бројот на прворотки на возраст над 35 години, како и на примената на ин витро оплодувањето кое често резултира со близначка бременост која сама по себе е многу ризична и голем дел од овие бебиња се предвреме родени.
Ново на Сител
-

Славески: И покрај комплекноста на околината, централните банки остануваат цврсто посветени на ценовната стабилност
-

НБ: Каматната стапка е непроменета - претпазлива монетарна политика во услови на сѐ поголема светска неизвесност
-

Ким ја прогласи Јужна Кореја за „непријателска држава број еден“
-

Ревизија во ДИК за 2024 година, утврдени неправилности и системски слабости
-

Лани куќа во Центар продадена за 1,5 милиони евра, деловен простор за 6,8 милиони евра
-

Средба Муцунски - Минзату, тема унапредување на соработката во областа на образованието, вештините и младинските политики
-

Русија развива вакцина против ХИВ
-

Конференција „Централното банкарство во услови на постојани светски промени: поттикнување стабилност, иновации и издржливост“
