Лазаров и Миркуловски ќе го одиграат последниот натпревар во репрезентативниот дрес
– Најдобриот македонски ракометар на сите времиња, Кирил Лазаров и еден од најдобрите централни бекови Филип Миркуловски, вечер ќе ги имаат своите последни репрезентативни настапи. Двајцата ќе бидат дел од македонската селекција која ќе го игра реваншот со Чешка во финалето на плејофот за пласман на Светското првенство 2023.
На првиот меч одигран пред четири дена во Злин, резултатот беше нерешен 24:24, иако во почетните минути од второто полувреме македонските ракометари имаа седум голови предност.
Лазаров кој ја извршува и селекторската функција посакува било каква победа и остварување на целта – задржување на континуитетот на учества на големите натпреварувања.
– Верувам дека со помош на седум илјади наши навивачи кои ќе ни бидат ветер во грбот, а не психолошки притисок, ќе ја победиме Чешка. Најважно е да победиме без разлика дали тоа ќе биде со еден, два или повеќе голови. На нивни терен покажавме дека имаме квалитет. Знам и дека за реваншот Чесите ќе се подготват добро и дека нема да биде воопшто лесно. Ние имаме добар резултат, позитивен, никогаш сме немале ваков во еден бараж натпревар, изјави Лазаров.
Натпреварот ќе се игра во СЦ „Борис Трајковски“ вечер со почеток во 19 часот. Сите билети се распродадени па се очекува огромна поддршка од трибините за македонските ракометари.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Љупчо Зиков, новинар/аналитичар
-

Над 200 семејства од Струмичката епархија ќе добијат празнични пакети од „Елеуса“
-

Почина двегодишното дете повредено во Шуто Оризари за новогодишната ноќ
-

Деца ќе останат со инвалидитет, возрасни во болница поради користење на петарди
-

МВР го расчисти убиството за новогодишната ноќ
-

Се уште се бара Македонецот кој исчезна во пожарот во Швајцарија, бројот на загинати се искачи на 47
-

Запленети 10 килограми кокаин во околината на Скопје
-

Протест против 11 годишната затворска казна за Фатон Љури

