Лавров: Земјите од Перскискиот Залив се согласуваат за заеднички акции на Русија и на САД во Сирија
Арапските држави од Перскискиот Залив се заложија за усогласени дејствија на Русија и коалицијата предоводена од САД во Сирија, изјави денеска Сергеј Лавров, рускиот министер за надворешни работи, по седницата за стретешкиот дијалог на Русија и Советот за соработка во Заливот, објави ТАСС.
- Единствени сме во тоа, дека заканата од тероризмот и екстремизмот, бара бескомпромисно заедничко дејствување, за да не се остварат плановите на ИД, на Фронтот ал Нусра, на Ал Каеда и на сличните на нив, истакна Лавров.
Повторно го свртевме вниманието на партнерите на иницијативата на рускиот претседател Владимир Путин да се формира широк антитерористички фронт под покровителство на Обединети нации.
Учесниците на седницата го поздравија создавање на исламската коалиција од Саудиска Арабија и се изјаснија за зајакнување на координацијата во активностите меѓу Русија и коалицијата предводена од САД за борба против тероризмот во Сирија, истакна рускиот министер за надворешни работи.
Ново на Сител
-
Епископот г. Партениј посака благословена четириесетница и меѓусебно простување
-
Детектор за дигитализацијата
-
Пронајдена дрога во автомобил на наплатна рампа Сопот, велешко
-
Мицкоски: Прочка е ден кој не потсетува на значењето на простувањето, смирението и човечката блискост
-
Мицкоски и министрите ќе учествуваат на унгарско-македонскиот владин самит во Унгарија
-
Приведен 17-годишник кој бил агресивен кон полицајци на службена должност
-
Во Лос Анџелес доцна вечер почнува 97. церемонија на доделување на наградите Оскар
-
Пронајдени 10 пакувања со марихуана кај 18-годишник