Лавров: Тажно е што за една година претседателство наТрамп, односите на САД со Русија не се подобрија
Тажно е што за една година претседателство на Доналд Трамп односите на САД со Русија не се подобрија во споредба со она што беа во времето на Барак Обама, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во интервју за Еуроњуз.
- Односите дури се влошија во одреден степен, додаде тој, мислејќи на конфискацијата на дипломатски имот на Русија во САД, што, според него, е спротивно на Виенските договори и на принципите на кои се заснова американскиот устав и американското општество, пренесува БТА.
Лавров потсети дека Трамп за време на предизборната кампања ветил дека ќе развие нормални односи со Русија, засновани на меѓусебно почитување и интерес.
Говорејќи за односите со САД, Лавров рече дека соработката меѓу двете земји за Сирија продолжува, иако е многу тешко. Тој потсети дека зоната за деескалация во јужниот дел на земјата била создадена со учество на Русија, САД, Јордан и оти функционира многу добро, но дека допрва треба да се примени повлекувањето на сите сили кои не се сириски од овој регион.
Ново на Сител
-
Приведен малолетник во Центар заради поседување марихуана
-
49-годишен германец уапсен на „Табановце“, во возилото имал, дрога, ножеви и солзавци
-
ЦУК: Во изминатото деноноќие имало 12 пожари на отворено
-
Ретеги постигна четири гола на натпреварот против Верона и е лидер помеѓу стрелците во Серија А
-
Кремљ не потврдува, но и не го демантира телефонскиот разговор Путин - Трамп
-
Минусни температури во целата држава
-
Премиерот Мицкоски ќе присуствува на почетокот на градежните работи за санација на скверот позади ТЦ „Капитол“ во Аеродром
-
Северна Кореја почна да произведува дронови со техничка помош од Русија