Лавров: САД ја обвинуваат Русија за воени злосторства во Сирија, а во минатото бомбардираа цивилни објекти во Југославија

САД одат дотаму што дури јавно ја навредуваат Русија, обвинувајќи ја за воени злосторства во Сирија, а во минатото тие во Југославија бомбардираа цивилни објекти, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во интервју снимено за потребите на документарен филм за покојниот дипломат и политичар, Евгениј Примаков, јави ТАСС. .
- Агресијата во Југославија, секако дека беше агресија, рече Лавров.
- Меѓудругото тоа беше прв вооружен напад во Европа врз суверена држава од 1945 година. Сега во врска со сето тоа што се случува во Сирија, нашите западни партнери, пред се Американците, а и Британците, веќе дојдоа до степен на изнесување јавни навреди, употребувајќи зборови како варварство, воени злосторства, рече тој.
- Да потсетам дека агресијата врз Сојузна Република Југославија беше извршена со напади врз голем број цивилни објекти, вклучувајќи ја и телевизијата на Србија и мостови по кои минуваа патнички возови и многу други. Илјадници загинати, од кои неколку стотици деца, милион бегалци, за кои никој оттогаш повеќе ништо не спомна, нагласи рускиот министер.
Ново на Сител
-

Во Виена приведени 14 луѓе поради учество во пропалестински протест
-

Бугарската пејачка Дара победи на Евровизија со песната Бангаранга
-

Променливо облачно и посвежо
-

МВР: Расчистен случајот со опасно управување скутер во Штип | ВИДЕО
-

Автобус се запали на автопатот Велес-Скопје
-

Димитриеска Кочоска на ФБ: Намалувањето на акцизите на горивата и на ДДВ-то за бензините од 18 на 10 отсто ќе важи до 1 јуни
-

Истрага за осомничен за продажба на кокаин во Тетово
-

ЈОРСМ: Предложен притвор за телесна повреда при семејно насилство во Скопје
