-->
-->
Лавров: Русија беше пријател со Грција додека Атина не се потчини на американските барања
-->
Русија беше пријател со Грција сè додека Атина не се потчини на „американските барања“, изјави шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.
– Забележавме трансформација во нејзиното раководство. Беше принудено или договорено да ги исполни американските барања. Ги донесовме нашите заклучоци за оние кои со задоволство ја поддржуваат агресијата врз Русија, се наведува во изјавата на Лавров објавена на Твитер налогот на Руската амбасада во Атина.
Грчкиот весник Катимерини истакнува дека со овој твит Лавров го изразува своето незадоволство преку Руската амбасада во Атина, реагирајќи без преседан на ставот што Грција го зазеде во однос на руската војна во Украина.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Апасиев: Очекуваме двоцифрен број на пратеници
-
Таравари: Ни треба нов Устав на две заедници
-
Ахмети: Уште поголема победа
-
Ковачевски: Масовна излезност на 8 мај
-
Мицкоски: СДСМ спрема црни сценарија
-
Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска
-
Тинекс отвора уште неколку нови маркети, денеска отворен маркетот во О. Илинден
-
Во понеделник се враќа старата цена за осигурување на возилата