Лавров пристигна во Скопје

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ноќеска пристигна во Северна Македонија за да учествува на Министерскиот совет на ОБСЕ.
На официјалниот твитер профил на руското МНР објавени се фотографии од пристигнувањето на Лавров на меѓународниот аеродром во Скопје на кои може да се види дека тој бил пречекан од рускиот амбасадор во земјава Сергеј Баздникин.
Лавров пристигна по завршувањето на неформалната вечера на министрите учесници на состанокот на ОБСЕ.
Учеството на шефот на руската дипломатија беше неизвесно поради меѓународните санкции против Русија по инвазијата врз Украина, но откако Бугарија го отвори небото и дозволи прелет на рускиот владин авион, а ЕУ кажа дека тоа не е кршење на санкциите, од Москва беше потврдено дека Лавров доаѓа во Скопје.
Поради доаѓањето на Лавров, учеството на состанокот на ОБСЕ во Скопје го откажаа министерот за надворешни работи на Украина Дмитро Кулеба, шефовите на дипломатиите на балтичките земји - Естонија, Летонија и Литванија, Маргус Цахна, Кришјанис Каринш и Габриелиус Ландсбергис, и министерот за надворешни работи на Полска Шимон Шинковски вел Сек.
Ново на Сител
-

Еврокомесарката Кос во посета на Скопје
-

Левица ќе се обиде да ги собере опозициските партии за Изборниот законик
-

Уставен нема мнозинство да одлучува по иницијативата на Левица - предметот останува отворен
-

Бугарија бара да не се следи дали ги спроведува пресудите на Европскиот суд за човекови права
-

Следната недела маркетите на средба во Владата - ќе се бараат причините за зголемените профитни маржи
-

Европска трка по бакар и критични минерали: Каде е Македонија?
-

Даниела Димовска ќе раководи со Кривичен суд Скопје
-

Преглед на вестите од светот
