Лавров: Одлуките на ВАДА против Русија се политизирани
Антируската пресуда на Светската антидопинг агенција (ВАДА) е политизирана, бидејќи во таа земја доминираат земјите-членки на НАТО и нивните сојузници, изјави шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.
– Одлуките на ВАДА ги носат петаесетина луѓе, од кои 11 се од членки на НАТО, плус Австралија и Јапонија, една африканска и една латиномаериканска земја, изјави Лавров на средбата на Советот на Федерацијата, горен дом на рускиот Парламент.
Тој оцени дека одлуката за четиригодишна забрана за настап на руските спортисти на најголемите планетарни спортски настани е политизирана бидејќи жарот на борбата против допинг се сведува на поддршка за оние кои сакаат да и наштетат на Русија.
Со пресудата на ВАДА, на руските репрезентативци им е забранет настап на ЛОИ 2020 во Токио, СП во фудбал 2022 во Катар, како и ЗОИ 2022 во Пекинг, а оние руски спортисти кои не паднале на допинг-тест може да се натпреваруваат како неутрални спортисти. Лавров информира дека Русија ќе ја надгледува праведноста и отвореноста на расправата за допинг во ВАДА, посебно со оглед на новите информации дадени од Руската истражна комисија. Според оваа Комисија, поранешниот челник на московската антидопинг агенција Григориј Родченков, кој во 2015 година пребегна во САД и извесни неидентификувани лица манипулирале со базата на податоци на руската антидопиншка лабораторија, поради што се и санкционирани руските спортисти.
Ново на Сител
-
Тешко повреден скопјанец - Избоден со нож поради недоразбирање во сообраќајот
-
Албанската полиција на граничните премини годинава запленила непријавени над 2,3 милиони евра
-
Зеленски: Под администрацијата на Трамп, војната во Украина ќе заврши побрзо
-
Семејна драма во Аеродром – Со нож ѝ се заканувал на сопругата
-
Лица од Бангладеш дошле да работат во Скопје, па му избегале на директорот
-
Пронајдено мртво тело во Центар
-
Гостивар: Маж со секира се обидел да си ја нападне сопругата
-
Мицкоски: Важно е состанокот со банките за унгарскиот заем да заврши успешно