Свет
19. April 2022 - 14:17

Лавров: Нема да користиме нуклеарно оружје во Украина

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Русија не размислува за употреба на нуклеарно оружје во Украина, но исто така започнала нова фаза од својата „специјална воена операција“.

-Ќе користиме само конвенционално оружје, рече Лавров.

Тој зборуваше и за втората фаза од инвазијата.

-Почнува втората фаза од оваа операција и сигурен сум дека ова ќе биде многу важен момент за целата специјална операција, рече Лавров.

Украински и западни претставници, како и експерти и аналитичари веќе изјавија дека Москва започнала офанзива во источна Украина, а тоа денеска го потврди и Лавров.

Да потсетиме, портпаролот на Путин, Дмитриј Песков, кон крајот на март изјави дека Русија во никој случај нема да користи нуклеарно оружје во Украина.