Лавров и Тилерсон разговараа за Сирија
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и американскиот државен секретар Рекс Тилерсон денеска во Данинг зборуваа за ситуацијата во Сирија и за решавање на конфликтот во земјата, соопшти руското Министерство за надворешни работи.
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и американскиот државен секретар Рекс Тилерсон се состанаа на маргините од самитот на Азиско-пацифичката економска соработка (АПЕК) во Дананг, се наведува во соопштението.
Двете официјални лица разговараа за сириската криза и заедничко дејствување со цел да се реши кризата, се вели во соопштението.
За Сирија денеска, на маргините на самитот, накратко разговараа и претседателите на Русија и САД, Владимир Путин и Доналд Трамп и ја потврдија заедничката изјава за земјата.
Во соопштението се вели дека претседателите ја потврдиле решителноста во борбата против Исламската држава со цел конечно да се издејствува победа над неа, како и да се почитува суверенитетот, независноста и територијалниот интегритет на Сирија.
Ново на Сител
-
Приведени тројца градоначалници на Кочани
-
Зајакнати тимови од психолози и психијатри во Кочани, МОН препорачува да се работи со децата
-
Тема на денот со Сашо Клековски, директор на ФЗОМ
-
Уапсен градоначалникот на Кочани
-
Последен поздрав за жртвите
-
Во стабилна состојба повредените од пожарот во Кочани
-
Последен поздрав за жртвите
-
Објавени имињата на жртвите - слава им!