Латиноамериканците станаа побројни од белците во Калифорнија

Во американската сојузна држава Калифорнија настапи долгоочекуваниот момент - латиноамериканците станаа побројни од белците, соопштија американските медиуми.
Според податоците на американската служба за пребројување на населението, извршено на крајот на јуни, луѓето од латиноамериканско потекло некаде од првата половина на 2014 година ги претекнаа белите Калифорнијци според нивната бројност.
На 1 јули 2014 година во државата живееле околу 15 милиони латиноамериканци и околу 14,9 милиони белци.
Експертите по демографија со децении очекуваа да дојде до ова, имајќи го предвид латиноамериканскиот бум во државата, што се должи на имиграцијата и на високиот наталитет.
Калифорнија станува втората американска држава со доминантно латиноамериканско население по Њу Мексико.
Хаваи, каде живеат многу луѓе од азиско потекло, е третата држава во која белците не се доминантно население.
Ново на Сител
-

Вучиќ поднесе оставка, пред крај помилува 49 лица поврзани со протестите
-

Протест во Скопје за поддршка на поранешните команданти на ОВК
-

Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска, директорка на ЦУП
-

Заливот на коските и Самоиловата тврдина најпосетени локалитети
-

Средновековната кула на Беласица ќе стане дел од туристичката понуда на Ново Село
-

Филмот „Македонецот“ потсетник на прогонството и заборавените траги на историјата
-

Делчево очекува деблокада на општинската сметка
-

Протести во Скопје за поддршка на осудените водачи на ОВК
